Aşkın Kıyağan
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
БРАТИСЛАВА (АА) - Парламентот на Словачка ја избра новата Влада на земјата, на чело со Петар Пелегрини, јавува Anadolu Agency (AA).
Словачка веќе неколку недели е центар на длабока политичка криза која ескалираше по неодамнешното убиство на младиот новинар и истражувач Јан Куцијак и неговата девојка.
Телата на убиениот млад пар, кој ја истражуваше корупцијата во земјата, беа пронајдени во нивната куќа кон крајот на јануари, а по бранот масовни протести, премиерот Роберт Фицо поднесе оставка.
Новиот мандатар за составот на Владата, Пелегрини, со 144 гласови за, и 81 против, синоќа ја доби довербата во Парламентот на Словачка.
Масовните протести поради убиството на младиот новинар се претворија во антивладини протести, преку кои демонстрантите и вчера побараа предвремени избори.