Emre Aytekin
07 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Јужна Кореја, критикувајќи ги ракетните тестови на Северна Кореја, за време на викендот упати повик до Северна Кореја да ги намали воените тензии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, портпаролот на Министерството за одбрана, Чои Хјун Со, изразувајќи ја загриженоста од тоа што Северна Кореја, за време на викендот преку Јапонското Море тестираше ракетен систем со краток дострел и сериско гаѓање од повеќекратни напаѓачки системи, истакна: „Ја повикуваме Северна Кореја да ги запре воените активности кои ги зголемуваат тензиите на Корејскиот Полуостров.“
Чои, наведувајќи дека Јужна Кореја вежбата ја смета за провокација, нагласи: „Тест-вежбите на Северна Кореја со исфрлање на голем број проектили, се во спротивност на духот на воениот договор меѓу Јужна и Северна Кореја.“
Војската на Северна Кореја, помеѓу 9:06 и 9:27 часот по локално време, од градот Вонсан во источниот дел на земјата исфрли неколку проектили со краток дострел кон Јапонското Море.
Во соопштението од Министерството за одбрана на Јужна Кореја се вели дека од направените испитувања можеле да констатираат дека проектилите на Северна Кореја се исфрлени од повеќецевни ракетно-лансирни системи со калибар од 240 и 300 мм.