Dildar Baykan
18 Април 2019•Ажурирај: 20 Април 2019
ЊУЈОРК (АА) - Во катедралата „Свети Патрик“ во Њујорк е уапсено машко лице со канистри со бензин, шишиња со запалива течност и запалка, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил синоќа на Менхетен.
Полициските официјални претставници соопштија дека 37-годишно лице од Њу Џерси влегло во 150 години старата катедрала и истурило бензин на подот и ѕидовите.
Чуварот ја повикал полицијата која со брза реакција го уапсила машкото лице, кое е обвинето за обид за предизвикување пожар.
Инцидентот се случи три дена по пожарот кој во голема мера ја уништи црквата „Нотр Дам“, катедралата која е симбол на Париз и Франција. Во тек е истрагата за причината на тој пожар.