Bakir Tiro
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Аргентина и Уругвај на адреса на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) сакаат да испратат заедничка кандидатура за организирање на Светското првенство во 2030 година, истакнаа претседателите на овие јужноамерикански земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Маурисио Макри, претседателот на Аргентина и Табаре Васкес, претседателот на Уругвај, при службената средба во Буенос Аирес истакнаа дека ќе почнат активно да работат на кандидатурата за Мундијалот во 2030 година.
Еден од мотивите за кандидатура за 2030 година е и 100-годишнината од одржувањето на првиот Мундијал, кој е одигран на тлото на Уругвај.
Следното Светско првенство ќе се игра во Русија, во 2018 година. Катар ќе биде организатор на фудбалскиот шампионат на планетата во 2022 година, додека според последните информации од ФИФА, Мундијалот 2026 би требало да се одржи во Северна Америка. Досега е споменувана самостојната кандидатура на САД, организаторот на Светското првенство во 1994 година, но и можноста за заедничка кандидатура на САД, Мексико и Канада.