Berad Büyük
13 Август 2019•Ажурирај: 14 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од германската Прва фудбалска лига (Бундеслига), Баерн Минхен, го позајми Иван Перишиќ кој го носеше дресот на италијанскиот клуб Интер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, 30-годишниот Перишиќ на позајмица е трансфериран во германскиот клуб, со кој потпиша едногодишен договор.
Во договорот е наведена опцијата Баерн Минхен да може да го купи Перишиќ од Интер.
Перишиќ минатата сезона со дресот на Интер одигра 45 натпревари и постигна 9 погодоци.