Hüseyin Burak Demirer
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
АНКАРА (АА) - Откако напаѓачот на Баерн Минхен, фудбалерот Томас Милер, влезе во тимот А на клубот во сезоната 2009/2010 од германското фудбалско првенство, тој ја игра својата најлоша сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на 26. коло на Бундеслигата, во кое утре ќе се сретнат екипите на Баерн Минхен и Аугсбург, Милер ја игра најлошата сезона во редовите на Баерн Минхен, клуб чиј дрес го носи уште од младинскиот тим.
Својата најслаба сезона Милер ја одигра во 2011/2012 година, кога во просек, постигнуваше 0,2 погодока по натпревар. Оваа сезона, Милер во просек постигнува 0,09 погодоци по меч.
Досега во лигата одигра 22 натпревара и само двапати ја затресе противничката мрежа. Овој 27-годишен фудбалер во првиот тим на Баерн Минхен започна да игра во 2009 година и во ниту една сезона немаше постигнато помалку од 7 погодоци.
Ваквата форма на Милер ги зачуди љубителите на фудбалот, за разлика од минатогодишната сезона 2015/2016, во која тој постигна 20 погодоци во Бундеслигата, а вкупно 32 погодока на сите официјални натпревари, што беше неговиот најдобар перформанс.
- Проблем може да биде системот на Анчелоти -
Од почетокот на сезоната 2012/2013, досега, на официјалните натпревари што Милер ги одигра за екипата на Баерн Минхен, тој постигна 23, 26, 21 и 32 погодока, додека оваа сезона досега постигна само 6 погодоци.
И покрај тоа што е фудбалер кој игра на повеќе позиции, по сѐ изгледа дека на Милер не му одговара новиот систем што во клубот на Баерн Минхен го воведе техничкиот директор Карло Анчелоти, поставен на оваа позиција на почетокот од оваа фудбалска сезона 2016/2017, бидејќи Милер најдобро се чуствува на позицијата зад напаѓачите.
Милер, кој е значајна фигура во редовите на германскиот национален тим, во одиграните квалификациски натпревари за Светскиот куп 2018 одигра 5 натпревари, во кои постигна 5 погодока. Намалувањето на бројот на постигнати погодоци и за репрезентативниот тим, само го зацврстува ставот за позицијата на која игра во Баерн Минхен.
Системот на Анчелоти со три централни играчи, две крила и еден центарфор, по сѐ изгледа не му одговара на Милер, бидејќи притоа тој е принуден да игра на крилната позиција.