Hasan Esen
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Во 11. коло во шпанската прва фудбалска лига (Ла Лига), Барселона го совлада својот противник Рајо Валекано, со резултат 3:2, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мечот се одигра на стадионот Валекас, чиј домаќин беше Рајо Валекано.
Првото полувреме заврши со нерешен резултат 1:1, при што Луис Суарес од Барселона постигна погодок во 11. минута, додека Хосе Анхел Позо од Рајо Валекано погодокот го постигна во 35. минута на првото полувреме.
Домашната екипа премина во водство со голот на Алваро Гарсија Ривера во 57. минута.
Барселона успеа да го израмни резултатот во 87. минута на натпреварот со погодокот на Усман Дембеле.
На крајот на натпреварот, односно во 90. минута, Луис Суарез го постигна вториот свој погодок на натпреварот, и со тоа Барселона победи во мечот против Рајо Валекано со резултат 3:2.
Барселона со 24 бода се наоѓа на врвот на табелата, додека Рајо Валекано со 6 бода се наоѓа на 19. позиција.