Dejan Maksimoviç
03 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
ПАРИЗ (АА) - Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ) синоќа го урна рекордот на Тотенхем Хотспарс, стар 58 години. ПСЖ синоќа го совлада Лил со резултат 2:1 и стигна до 12-тата победа, една по друга од почетокот на сезоната во француската Лига 1, пренесува Anadolu Agency (AA).
Екипата на ПСЖ го надмина рекордот што Тотенхем го постигна на отворањето на фудбалската сезона 1960/61 во англиското првенство со 11 победи една по друга. Вредно е да се нагласи дека рекордот се однесува на петте најсилни европски фудбалски лиги, англиската, германската, француската, шпанската и италијанската.
ПСЖ поведе со 2:0 преку погодоците на Килијан Мбапе во 70. и Нејмар во 84. минута од натпреварот, за конечните 2:1 да ги постави Николас Пепе со удар од белата точка во судиското надополнување.
По одиграни 12 кола во француската Лига 1, екипата на ПСЖ има максимални 36 поени и предност од 11 поени пред второпласираниот Лил.