Dejan Maksimoviç
27 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
РИМ (АА) - Доколку се продолжи вака, не можам да негирам дека порано или подоцна повторно ќе го купам Милан, порача Силвио Берлускони на политичкиот собир на неговата партија во Удине, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот премиер на Италија, бизнисмнот и медиумски магнат, кој 30 години го водеше фудбалскиот клуб Милан, минатата година го продаде клубот на Јонгхонг Ли за 740 милиони евра.
Но, италијанските медиуми наведуваат дека Берлускони на политичкиот собир на неговата партија Форца Италија истакнал дека би можел повторно да го преземе Милано.
„Со оглед на тоа како се одвиваат работите, може да заврши со повторно купување на Милан“, нагласи Берлускони.
Тој додаде дека неочекувано лошиот резултат на Форца Италија на неодамнешните избори во Италија дошло како последица на неговата продажба на славниот клуб.
„Многумина ме запираа и ме прашуваа зошто го продадов клубот на кого било. Тие ме обвинуваат за моменталната ситуација во Милан. Морам да ви признаам нешто. Доколку продолжи вака, не можам да негирам дека порано или подоцна повторно ќе го купам Милан“, рече Берлускони.
„Росонерите“ се соочуваат со ограничувања поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј, а со тоа останува да се види дали Ли ќе биде во можност да продолжи да го враќа кредитот на „Елиот менаџмент“.
Оваа сезона Милан не се движи најдобро ниту на тревникот. Навистина, се пласира во финалето на Купот на Италија, во рамките на кој на 9 мај ќе се сретне со Јувентус. Но, во Серијата А гигантот на италијанскиот и европскиот фудбал е на седмата позиција со 54 поени, дури 31 помалку од лидерот „старата дама“ од Торино.