Hüseyin Burak Demirer
03 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Бразил и Белгија со вчерашите победи се пласираа во четвртфиналето на Светскиот фудбалски куп 2018, јавува Anadolu Agency (AA).
Бразил успеа да го совлада Мексико 2 : 0 со погодоците на Нејмар во 51. и на Фирмино во 88. минута од натпреварот. Ова е 6. пат едноподруго Бразил да се пласира во четвртфиналето на светските фудбалски првенства.
Противник на Бразил во четвртфиналето е репрезентацијата на Белгија. Јапонија на почетокот од второто полувреме, со погодоците на Харагучи во 48. и Инуи во 52. минута поведе со 2 : 0. Но Белгија успеа да се врати во игра, и со погодоците на Вертонген во 69. и Фелаини во 74. минута изедначи на 2 : 2. Погодокот за пласман на Белгија во четвртфиналето го постигна Чадли во судиското продолжение во 90+4 минута за конечни 3 : 2.
Белгија е прва земја која по 1970 година се вратила по негатива од два погодоци. Последен пат тоа ѝ успеа на Западна Германија 1970 година против Англија во четвртфиналето на Светскиот фудбалски куп во Мексико. По 2 : 0 за Англија, Западна Германија успеа да изедначи на 2 : 2, за во продолжетоците во 108. минута од натпреварот да дојде до победа и пласман во полуфиналето.

На програмата денеска -
Денеска на програмата се два натпрвари во кои се среќаваат:
16:00 Шведска - Швајцарија (стадион „Санкт Петерсбург“ - Санкт Петерсбург)
20:00 Колумбија - Англија (стадион „Спартак“ - Москва)