Berad Büyük
11 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Во натпревар од американската Национална кошаркарска лига (НБА), Лос Анџелес Лејкерс го совлада Далас Маверикс со резултат 129:114, а ѕвездата на Лејкерси влезе во историјата на НБА како 4. играч со најголем број погодоци, оставајќи го зад себе Мајкл Џордан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 напревари во НБА. Во натпревар во кој учествуваа двајца претставници од Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс со 129:114 го совлада Далас Маверикс и ја постигна својата 7. последователна победа.
Sвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, на оваа средба постигна дабл-дабл учинок од 35 поени, 16 скока, 7 асистенции, понесувајќи го својот тим во нова победа. Кајл Кузма постигна 26 поени, 6 скока и 2 асистенции.
По синоќешниот натпревар, Леброн стигна до бројката од 12.197 прецизни погодоци и се искачи на 4. позиција, оставајќи ја зад себе кошаркарската легенда на НБА, Мајкл Џордан, со 12.192 прецизни погодоци. На првото место на листата на најпрецизни кошаркари во НБА се наоѓа Карим Абдул-Џабар со 15.837, Карл Малоун е на второто со 13.528 и Вилт Чемберлен на третата позиција со 12.681 прецизен погодок.
Најдобра игра во редовите на Далас Маверикс прикажа Лука Дончиќ со дабл-дабл од 25 поени, 10 скока и 7 асистенции, а Тим Хардавеј Џуниот постигна 22 поени и 7 скока.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Атланта Хоукс - Вашингтон Визардс 101:111
Њу Орлеанс Пеликанс - Њујорк Никс 123:111
Мајами Хит - Бруклин Нетс 113:117
Индијана Пејсерс - Чикаго Булс 116:105
Сан Антонио Спарс - Мемфис Гризлис 121:134
Орландо Меџик - Феникс Санс 94:98
Шарлот Хорнетс - Јута Џез 92:109
Лос Анџелес Лејкерс - Далас Маверикс 129:114
Милвоки Бакс - Сакраменто Кингс 127:106
Голден Стејт Вориорс - Лос Анџелес Клиперс 100:109