Mutlu Demirtaştan
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Истанбул овој викенд ќе биде донаќин на ДХЛ Големата награда на Турција, 14. трка во овогодинешниот Светски шампионат во Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
На патеката Интерсити Истанбул парк, долга 5.338 метри ќе се возат 58 круга. Трката во Истанбул ќе се одржи без публика поради пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19)
Квалификациите за полпозициите ќе започнат во 13:00 часот во сабота (14. ноември), додека трката е закажана за недела (15. ноември) со пчеток во 11:10 часот.

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес кој се наоѓа на првото место во досегапниот тек од шампионатот, доколку победи на трката во Истанбул има можност да ја освои својата 7. титула во шампионатите во Формула 1. Пред Големата награда на Турција Хамилтон има 9 победи во досегашниот тек на овогодинешниот шампионат, а неговиот клубски колега Валтери Ботас извојува 2 победи. Макс Верштапен од Ред Бул и Пјер Гасли од Алфа Таури имаат по една победа.
Пред почетокот на трката во Истанбул, пласманот на првите 5 возачи во Формула 1:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 282 поени
2. Валтери Ботас (Финска): 197
3. Макс Верштапен (Холандија): 162
4. Даниел Рикардо (Австралија): 95
5. Шарл Леклер (Монако): 85
Мерцедес на Големата награда на Турција ќе настапи со загарантирана титула во Формула 1 во поредокот на тимовите.
Сепак, во историјата на Светските шампионати во Формула 1, тимот на Ферари има освоено најголем број шампионати (16). Следи Вилијамс со 9 титули, Мекларен 8, Мерцедес и Лотус имаат по 7, а Ред Бул 4 шампионски титули во Формула 1.
Распоред на најдобрите 5 тимови пред трката за Големата на града на Турција:
1. Мерцедес: 479 поени
2. Ред Бул: 226
3. Рено: 135
4. Мекларен: 134
5. Рејсинг поинт: 134
- Раиконен најискусен, Хамилтон со најголем број победи
Возачот на Алфа Ромео, Финецот Кими Раиконен (41) со 328 настапи на Гранд при-а ќе биде најискусниот возач на трката за Големата на града на Турција во Истанбул.
Кога станува збор за распоредот на возачите според извојуваните победи, Луис Хамилтон досега има победено на 93 трки.
Од друга страна, во Истанбул ќе се натпреваруваат тројца возачи кои ја освоиле светската титула во Формула 1. Хамилтон е во потрага по 7. титула, Ветел досега има освоено 4, а Раиконен 1 титула во Формула 1.