12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Тбилиси ја победи Грузија со 0:1, со што за прв прв пат во историјата се пласираше на Европско фудбалско првенство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во плеј-оф натпреварот од квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 кој вечерва се играше во Тбилиси на Македонската фудбалска репрезентација обезбеди учество на ова фудбалско првенство.
Стрелец на единствениот гол беше капитенот Горан Пандев во 56-тата минута од натпреварот по прекрасна акција на Елиф Елмас и Илија Несторовоски.
Елмас ја започна акцијата од левата страна, по што додаде до Пандев во шестанесетерецот, кој врати до Елмас. Елмас го проигра Несторовски, а тој додаде до Пандев, кој го постигна погодокот.
До крајот на натпреварот резултатот остана непроменет.
Поради пандемијата на новиот тип на коронавирус, Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2020) е одложено за 2021 година.
Македонската фудбалска репрезентација својот дебитантски настап на континенталниот турнири ќе игра во рамки на Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Градови домаќини на натпреварите од оваа група ќе бидат Букурешт и Амстердам.