Mutlu Demirtaştan
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот Галатасарај објави дека договорот со мароканскиот фудбалер Јунес Белханда е еднострано раскинат од оправдани причини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на жолтоцрвените се потсетува дека Белханда дал интервју за „beIN Sports“ по натпреварот Галатасарај-Демир Груп Сиваспор на 7 март, и дека му наштетил на имиџот на клубот и угледот на членовите на Управата.
Наведено е дека поради тоа е раскинат договорот со Белханда, еднострано и од оправдани причини, а во согласност со член 14. од упатствата на ФИФА за статусот и трансферите на играчите.
Мароканецот беше дел од истанбулскиот клуб од 2017 година.