Ekip
16 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ДИЗЕЛДОРФ
По паузата од два месеци во Германија денес се одиграни натпреварите од Бундеслигата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Без присуство на гледачите одлиграни се вкупно 12 натпревари.
Фотореепортерот на АА ја фотографираше Меркур Шпил Арената во Дизелдорф, каде денес Фортуна Дизелдорф ја угости египата на Падерборн, а натпреварот е одигран без голови.
Просторот пред стадионот, кој инаку пред натпреварот е преплавен со навивачи, денес беше во потполност празен.
Освен овој натпревар, одиграни се и натпреварите Аусбург - Волфсбург (1:2), Борусија Дортмунд - Шалке (4:0), Хофенхајм -Херта БСЦ (0:3), Расен Балспорт Лајпциг - Фрајбург (1:1), а вечера играаат и Ајнтрахт - Борусија Менхенгладбах.
Натпреварите на Бундеслигата беа прекинати кон средината на март месец поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).