Abdulkadir Karakaya
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АНКАРА
Бразилецот Нејмар кој го носи дресот на францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ) истакна дека е загрижен затоа што не знаат кога ќе се вратат во фудбалот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нејмар на својата интернет страница напиша дека поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) работите ги извршуваат дома и дека применува стриктна програма.
„Тренирам повеќе од нормалата“, нагласи 28-годишниот фудбалер, истакнувајќи дека тоа го прави затоа што не се играат натпревари.
Тој рече дека со нетрпение чека повторно да играат на терен.
„Загрижувачки е тоа што не знаеме кога ќе се вратиме во фудбалот. Навистина ми недостасува да играм, ми недостасува конкуренцијата и ми недостасуваат колегите од клубот“, додаде Нејмар.