Erbil Başay
01 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот фудбалски експерт Маркус Гиздол поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на рускиот прволигаш Локомотив Москва поради воената операција на Русија во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гиздол за весникот „Билд“ изјави дека работата на фудбалски тренер е најдобра, но дека не може да работи во земја чиј лидер е одговорен за војната во центарот на Европа.
„Ова не е во согласност со моите вредности. Затоа поднесувам оставка како тренер на Локомотив Москва. Не можам да стојам на стадионот во Москва и да тренирам играчи и да барам од нив да бидат професионалци кога се даваат наредби кои нанесуваат голема болка на целото население на растојание од неколку километри“, изјави 52-годишниот Гиздол.
Тој истакна дека тоа е негова лична одлука и дека е целосно сигурен во исправноста на тој потег.
Гиздол дојде во Локомотив Москва во октомври минатата година.