Zuhal Demirci
27 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
ЛОНДОН (АА) - Роман Абрамович, сопственикот на англискиот прволигаш Челси, соопшти дека ја препуштил управувачката позиција во клубот, известува Агенција Анадолија (АА).
Абрамович изјави дека секогаш донесувал одлуки земајќи ги предвид интересите на клубот и наведе дека и понатаму се држи до тие вредности.
„Затоа, денес ги доверувам управувањето и одговорноста за клубот на Управниот одбор на Фондацијата Челси. Во овој момент верувам дека клубот е во најдобра положба да се грижи за интересите на играчите, персоналот и навивачите“, изјави Абрамович.
Одлуката следуваше по повикот за санкции кон него по руските напади на Украина.
Рускиот милијардер Абрамович стана сопственик на Челси во 2003 година плаќајќи му на британскиот бизнисмен Кен Бејтс 140 милиони фунти.