Bakir Tiro
02 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
САРАЕВО (АА) - На Светското првенство во Русија денес ќе се одиграат два натпревара од осминафиналето.
Бразил ќе игра против Мексико од 16:00 часот, додека од 20:00 часот силите ќе ги одмерат Белгија и Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Последните два натпревари од осминафиналето се играат утре (вторник, 3 јули), кога ќе се сретнат Шведска и Швајцарија (16:00 часот) и Колумбија и Англија (20:00).
До денес се познати два пара од четвртфиналето. Франција и Уругвај ќе имаат дуел во Нижни Новгород на 6 јули од 16:00 часот. Русија и Хрватска играат во Сочи на 7 јули од 20:00 часот.