Hilmi Sever
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Фудбалската репрезентација на Русија вчера сензационално се избори за пласман во четвртфиналето на Светското првенство, а нивните навивачи на улиците на Москва славеа до раните утрински часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Со подоброто изведување на единаестерците, Русија во осминафиналето го совлада поранешниот светски шампион Шпанија и дополнително ја зачини фудбалската треска во земјата домаќин на Мундијалот.

Навивачката еуфорија и прославата траеја цела ноќ. Црвениот плоштад во Москва и главните улици на руската престолнина беа преплавени од навивачи кои инаку важат за фанатични љубители на фудбалот.

Славењето мина со зголемени безбедносни мерки, а полицијата интервенираше во неколку наврати со цел да спречи ескалација на нередите.
Русија во четвртфиналето ќе игра против Хрватска.