Emre Aşıkçı
01 Март 2025•Ажурирај: 04 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Водечките фудбалски клубови и играчи ширум Европа споделија пораки со поддршка и честитки по повод муслиманскиот свет месец Рамазан преку социјалните мрежи, известува Анадолу.
„Рамадан Мубарак од семејството Нераѕури (црно-сините)“, објави Интер на платформата Х, со честитка напишана на арапски.
Нивните градски ривали, тимот на Милан, исто така споделија празнична порака: „#RamazanKareem до целото семејство на Милан кое го слави“.
Англискиот Манчестер Јунајтед испрати честитка до својата глобална база на навивачи, со порака „Рамазан мубарак до ‘црвените’ ширум светот.“
Мароканскиот дефанзивец, Нусаир Мазрауи, ја одбележа оваа пригода во дружба со навивачите на специјален собир што го организираше Клубот на муслиманските поддржувачи на Манчестер Јунајтед, со цел да се зајакнат врските со заедницата.
Германскиот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, кој има корени од Сиера Леоне, ги сподели благословите со зборовите:
„На сите мои браќа и сестри муслимани им посакувам благословен и мирен Рамазан! Нека овој свет месец ви донесе радост, мир и безброј благослови.“
Египетската ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах објави фотографија со својата ќерка, на која го забележал личниот момент од нивната прослава на Рамазан.
И други големи фудбалски европски клубови, вклучувајќи ги Челзи, Барселона, Тотенхем Хотспар, Борусија Дортмунд, Њукасл Јунајтед и Феенорд, објавувајќи специјални честитки за Рамазан, покажаа солидарност и инклузивност за овој значаен месец.