Bakir Tiro
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Нашиот голман Едуардо ќе оди во „Челзи“, потврди денес Златко Крањчар, тренерот на „Динамо Загреб“.
Тој истакна дека во „Динамо“ португалскиот голман бранел многу добро, и му посака среќа во новиот клуб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Едуардо (33) во Челзи за местото на голот ќе има исклучително силна конкуренција. Во „Динамо Загреб“ дојде во 2014 година од италијанската „Џенова“.
Неговата професионална кариера ја започнал во „Брага“, во која тој беше позајмен од „Џенова“, како и „Истанбул ББ“ и „Бенфика“. Во својата кариера бранеше и во португалскиот клуб „Виторија Сетубал“ и „Беира Мар“. За „А“ репрезентацијата на Португалија има 35 настапи.