Mutlu Demirtaştan
12 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Завршија средбите од второто коло од УЕФА Лигата на нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Со 7-те натпревари што се одиграа синоќа, заврши второто коло од Лигата на нации во организација на УЕФА.
Во рамките на „престижната“ Лига А, во групата 4 Шпанија играше против репрезентацијата на Хрватска, вицешампионот од последното Светско првенство што се одржа во Русија. Шпанија одигра одличен натпревар и со резултат 6:0 ја совлада Хрватска. Со две победи од два натпревари и со 6 поени, Шпанија е лидер во групата, во која двете преостанати репрезентации, Англија и Хрватска имаат по еден пораз, и се без поен.
Во групата 2 од Лигата А, Белгија на гостински терен во Исланд извојува победа од 0:3. Белгија со победата во својот прв натпревар во Лигата на нации дојде до своите три поени, а Исланд го претрпе вториот пораз и во оваа група нема освоено ниту еден поен. Швајцарија има 3 поени, но поради подобрата гол разлика, се наоѓа на првото место во групата.
Репрезентацијата на Македонија со две победи е лидер во групата 4 од Лигата Д со 6 поени, пред Ерменија и Лихтенштајн со по 3 и Гибралтар без поени.
Третото коло од Лигата на нации ќе започне на 11 октомври, а резултатите од вчерашните натпревари се:
Лига А
Група 2: Исланд - Белгија 0:3
Група 4: Шпанија - Хрватска 6:0
Лига Б
Група 3: БиХ - Австрија 1:0
Лига Ц
Група 2: Финска - Естонија 1:0
Група 2: Унгарија - Грција 2:1
Лига Д
Група 2: Молдавија - Белорусија 0:0
Група 2: Сан Марино - Луксембург 0:3