Yunus Kaymaz
11 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
ЛОНДОН (AA) – Управата на англискиот премиерлигаш Челзи, објави честитка по повод Новата хиџретска година, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа, според Лунарниот календар, кој муслиманите го бележат од преселувањето на Божјиот пратеник Мухамед од Мека во Медина, настапи Новата 1440 година.
„Им посакуваме среќна Нова година на сите муслимани кои нѐ следат“, порача раководството на лондонскиот Челзи на официјалните профили на социјалните мрежи.