Serhat Bağbars
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанскиот фудбалер Андрес Иниеста, кој по 16 сезони ја напушти Барселона, премина во екипата на јапонскиот клуб Висел Кобе, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на јапонскиот клуб се наведува дека е постигнат договор со 34-годишниот Шпанец, но не се дадени детали колку ќе биде платен.
Во јапонскиот клуб Шпанецот ќе настапува со Германецот Лукас Подолски.
Иниеста на 11 мај наполни 34 години, а годинава со Барселона ја освои 9. титула на Шпанија. Претходно, по шести пат го освои Кралскиот куп на оваа земја. Во Барселона освои четири титули во Лигата на шампиони, Супер-купот на Европа го освои на трипати, додека Супер-купот на Шпанија, седум пати, како и три ФИФА светски клупски првенства. Во дресот на Шпанија еднаш стана светски првак и на двапати првак на Европа.
За Барселона, во текот на изминатите 16 сезони одигра 669 натпреварувачки натпревари и постигна 57 погодоци. Во националниот дрес на Шпанија настапи 124 пати и постигна 13 погодоци.