Hilmi Sever
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Хилми Север
Додека на Светското фудбалско првенство во Русија се зголемува возбудата на теренот со последните натпревари од групната фаза, надвор од теренот, возбудата ја создаваат „матрјошките“, симболот на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетителите на пазарот Измаилово, кој е едно од најпознатите туристички места во Москва, на полиците забележуваат матрјошки со ликови на фудбалските ѕвезди што играат на Светското првенство.

На пазарот можат да се забележат матрјошките на Португалецот Кристијано Роналдо, Аргентинецот Лионел Меси, Бразилецот Нејмар и Французот Антоан Гризман.
Најголем интерес предизвикуваат матрјошките на Роналдо и Меси.
Но љубителите на спортот на пазарот покрај матрјошките со ликови на фубалските ѕвезди, можат да најдат и матрјошки со ликови на ѕвездите од НБА и НФЛ-лигата.
- Мустафа Кемал Ататурк и Реџеп Таип Ердоган -
На пазарот Измаилово можат да се најдат и матрјошки со значајни имиња од светската политика.
Матрјошки со ликот на Мустафа Кемал Ататурк и претседателот Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, се дел од експонатите, кои заедно со ликовите на други светски политичари можат да се најдат на пазарот во Москва.
- Историја на матрјошките -
Куклата „матрјошка“ која во 19 век е дизајнирана за подобрување на менталниот развој на децата, стана симбол на Русија. Рускиот уметник Сергеј Маљутин ја дизајнираше во 1890 година, а резбарот Василиј Звјоздочкин ја изработи куклата составена од 8 кукли кои се вгнездени една во друга. Куклата името го добива по жената „Матрона“ која е познат лик во тој период.
Дрвените кукли до почетокот на 20 век се користеле за унапредување на менталниот развој на децата, за учење на боите, димензиите и семејниот концепт.
Овие кукли за првпат се појавија на еден меѓународен саем во Париз 1904 година, а во целиот свет беа претставени како матрјошка.