Dejan Maksimovic
24 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - Холандскиот тренер Роналд Куман се огласи по повод отказот што го доби вчера во Евертон. Тој нагласи дека е исклучително разочаран од одлуката на раководството на клубот да го разреши по 16 месеци на позицијата менаџер на „карамелите“, јавува Anadolu Agency (AA).
На Куман, по серијата лоши резултати, му пресуди неделниот пораз на домашен терен против Арсенал, со резултат од 2:5.
„Би сакал да им се заблагодарам на играчите и на клупскиот персонал за лојалноста и за сѐ што направија. Би сакал да им се заблагодарам на поддржувачите, за страсната поддршка на клубот“, рече Роналд Куман.
Куман беше отпуштен кога Евертон, по девет натпревари во Премиер Лигата, го зазеде 18. место со осум поени.
Раководството на клубот за привремен менаџер го назначи Дејвид Унсворт, поранешен тренер на екипата на У23 тимот од Евертон.