Mutlu Demirtaştan
25 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
ИСТAНБУЛ (АА) - Кливленд кавалирс го совлада својот противник, Чикаго булс со резултат 119-112, во Американската кошаркарска лига (НБА), јавува Anadolu Agency (AA).
Кавалирс како домаќин го совлада Булс, а ѕвездата во редовите на домаќинот, Леброн Џејмс, имаше значаен удел во победата, постигнувајќи 34 поени, 13 асистенции, 3 украдени топки и 2 скока.
Кавалирс ја освои третата победа сезонава, а покрај Леброн, значаен беше и придонесот на Кевин Лав, со постигнати 20 поени, Џеф Грин 16 поени, а Двејт Вејд, Кели Корвер, Кајл Корвер и Џеј Краудер постигнаа по 11 поени.
Од друга страна, во редовите на гостинската екипа, која има три последователни порази, најдобри беа Џастин Холидеј со постигнати 25 поени, Лаури Марккенен 19 поени, како и Кеј Фелдер и Дензел Валентајн со по 13 поени.
- Гордон го урна својот рекорд
Орландо меџик на домашен терен играше против Бруклин нетс. Дуелот заврши со победа на домаќинот, со резултат 125-121, со што тој ја оствари својата трета победа оваа сезона.
Арон Гордон од Меџик на овој натпревар постигна 41 поен и 14 скока, уривајќи го сопствениот рекорд. Во домашната екипа, Еван Фурније постигна 28, а ДЏ Оугустин 19 поени. Во гостинската екипа, Дианџело Расел постигна 29 поени, Ронди Холис-Џеферсон 18 поени и Демаре Керол 17 поени.
Резултати
Кливленд Кавалирс - Чикаго Булс: 119-112
Орландо Меџик - Бруклин Нетс: 125-121
Бостон Селтикс - Њујорк Никс : 110-89
Минесота Тимберволфс - Индијана Пејсерс: 107-130
Портланд Трејд Блејзерс - Њу Орлеанс Пеликанс: 103-93
Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез: 102-84