Mutlu Demirtaştan
30 Декември 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
На натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА), Леброн Џејмс влезе во историјата на ова натпреварување, а неговата екипа Лос Анџелес Лејкерс извојува победа над Далас Маверикс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 5 натпревари во НБА. Во Западната конференција лидерот Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада Далас Маверикс со 108 : 95, а ѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, постигна дабл-дабл учинок од 13 поени, 13 асистенции и 6 скока, со што стана 9-от играч кој ја надминал границата од 9.000 асистенции. На прво место е Џон Стоктон (15.806), Чејсон Кид (12.091), Стив Неш (10.335), Марк Џексон (10.334), Меџик Џонсон (10.141), Оскар Робертсон (9.887), Крис Пол (9.389) и Ајзеа Томас (9.061 асистенција).
Во текот на својата кошаркарска кариера Леброн досега има постигнато 9.120 скока, а со 9.009 асистенции по натпреварот против Маверикс стана првиот кошаркар во НБА кому му пошло од рака да ја надмине бариерата од 9.000 скока и асистенции.
Најдобар перформанс за 26. победа на Лејкерси сезонава покажаа Ентони Дејвис со 23 поени, 9 скока и 4 асистенции, Кентевиус Колдвел-Поуп 19 поени, 3 скока и 2 асистенции и Двајт Хауард со 15 поени и 3 скока.
Во редовите на Маверикс најпрецизен беше Лука Дончиќ со 19 поени, 7 асистенции и 4 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне 11. пораз сезонава.
Вечерва се играат 6 натпревари во НБА. Се среќаваат:
Орландо Меџик - Атланта Хоукс
Вашингтон Визардс - Мајами Хит
Чикаго Булс - Милвоки Бакс
Минесота Тимберволвс - Бруклин Нетс
Јута Џез - Детроит Пистонс
Портланд Треил Блејзерс - Феникс Санс.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Торонто Репторс - Оклахома Сити Тандер 97 : 98
Мемфис Гризлис - Шарлот Хорнетс 117 : 104
Њу Орлеанс Пеликанс - Хјустон Рокетс 127 : 112
Денвер Нагетс - Сакраменто Кингс 120 : 115
Лос Анџелес Лејкерс - Далас Маверикс 108 : 95.