Hüseyin Burak Demirer
03 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
АНКАРА (АА) - Клубот од англиската Премиер лига, Лестер Сити, го продолжи времетраењето на договорот на Нигериецот Келечи Ихеаначо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, 24-годишниот фудбалер, кој од 2017 година го носи дресот на Лестер Сити, потпишал нов договор со клубот што е валиден до крајот на сезоната 2023-2024.
Ихеаначо оваа сезона со дресот на овој клуб одигра 28 натпревари и постигна 12 погодоци.
Тој има важен удел во успехот на Лестер Сити, кој на табелата се наоѓа на 3. позиција.
Ихеаначо на последните 4 натпревари постигна 7 погодоци, а во март беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата.