Abdulkadir Karakaya
29 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Манчестер јунајтед најави дека следната сезона ќе им овозможи на навивачите да купуваат карти за стоење во еден дел на стадонот „Олд Трафорд“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од клубот се наведува дека ги добиле потребните дозволи за поставување на ограда на стадионот каде што 1.500 навивачи би можеле стоејќи да ги следат натпреварите.
Соопштено е дека овој план ќе се реализира во сезоната 2020-2021, а ако биде успешен, капацитетите ќе бидат проширени.
Во Англија е забрането стоењето на стадионите откако на натпреварот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест, на стадионот „Хилсбороу“ во 1989 година, 96 навивачи го изгубија животот поради немирите на трибините.