Berad Büyük
29 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
На овогодинешниот Драфт 2020 во американската Национална кошаркарска лига (НБА) ќе учествуваат четворица турски кошаркари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави НБА се наведува дека на драфтот 2020 како турски кошаркари ќе учествуваат Берке Атар од скопскиот кошаркарски клуб „МЗТ Скопје“, Шехмус Хазер од клубот „Тексут Бандирма“, Јигитџан Сајбир од „Анадолу Ефес“ и Омер Фарук од Универзитетот „Џорџтаун“.
НБА ги објави имињата на 205 кошаркари, 163 од универзитетите и 42 од меѓународните кошаркарски клубови кои се пријавиле на Драфтот 2020.
Оваа година на Драфтот што НБА планира да го одржи на 25 јуни, можноста прв да бира играч ќе биде екипата на Голден Стејт Вориорс.