Abdulkadir Karakaya
06 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Клубот од англиската Премиер лига, Манчестер јунајтед, го обнови договорот на својот фудбалер од средниот ред Немања Матиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на овој клуб, со 31-годишниот српски фудбалер е потпишан договор што е валиден до јуни 2023 година.
Матиќ го изрази задоволството што ќе остане во овој клуб.
„Постојат многу нешта што можам да ги постигнам во мојата кариера како фудбалер и ќе ми биде голема чест да го постигнам тоа со Манчестер јунајтед“, рече тој.
Тој во 2017 година беше трансфериран од Челзи во Манчестер јунајтед.
Матиќ во дресот на Манчестер јунајтед одигра 114 натпревари.