Serhat Bağbars
16 Мај 2018•Ажурирај: 18 Мај 2018
МИНСК (АА) - Легендарниот поранешен аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона е назначен за претседател на белорускиот фудбалски клуб „Динамо Брест“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на клубот се вели дека Марадона (57) потпишал договор за период од три години, а Аргентинецот ќе се обиде да придонесе за стратешкиот развој, интеракцијата на структурните единици и академијата на клубот.
Марадона треба да започне со работа по Светското првенство 2018 година во Русија.
Во богатата фудбалска кариера, Марадона во дресот на Аргентина го освои Светското првенство во 1986 година, а ги носеше и дресовите на Боце Јуниорс, Наполи, Барселона и Севиља.
На почетокот од годината, ја напушти својата тренерска работа во Ал Фуџаирах, откако не успеа да се квалификува во елитната фудбалска класа во Обединетите Арапски Емирати.