Mutlu Demirtaştan
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Мутлу Демирташтан/Емре Доган
Вечерва се игра финалето на УЕФА Лига Европа по кое ќе го добиеме новиот победник во ова натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финалниот натпревар ќе се сретнат францускиот претставник Олимпик Марсеј и шпанската екипа Атлетико Мадрид. Натпреварот ќе се игра на стадионот во францускиот град Лион со почеток во 20:45 часот. Натпреварот ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кујперс.

Тренерите во последен момент ќе одлучат дали на натпреварот ќе учествуваат повредените Роналдо и Константинос Митроглу во редовите на Марсеј и Хозе Гименез од Атлетико Мадрид.
Тренерот на Атлетико Мадрид, поради казната за забрана на водење на тимот на 4 натпревари, не ќе може да ја води својата екипа од клупата.
Олимпик Марсеј по 3. пат ќе се сретне со Атлетико Мадрид
Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид по 3. пат ќе се сретнат во европските купови.
И двете екипи претходно во Лигата на шампиони во сезоната 2008/2009 се сретнаа во натпреварите по групи. Првиот натпревар го доби Атлетико Мадрид со резултат 2 : 1, додека вториот натпревар заврши без погодоци.
Деветти финален натпревар на Атлетико Мадрид во европските купови
Екипата на Атлетико Мадрид ќе го игра своето 9. финале во европските купови.
Во досегашните 8 финални натпревари, екипата од Мадрид на трипати го освојуваше купот. Првиот куп го освои во далечната 1962 година, совладувајќи ја италијанската екипа Фиорентина со резултат 1 : 1 и 3 : 0 во Финалето на европските куп победници.
Следната година во финалето на истиот куп загуби од Тотенхем со резултат 5 : 1, додека во 1986 година загуби од Динамо Киев со резултат 3 : 0.
Двапати успеа да го освои УЕФА купот на Лига Европа во 2010 година, победувајќи го Фулам со резултат 2 : 1 во продолжетоците, додека во 2012 година до шампионската титула во ова натпреварување стигна по победата над Атлетико Билбао од 3 : 0.
Во 1974 година, во тогашниот Куп на европски шампиони, во финалето Атлетико Мадрид против Баерн Минхен во првиот натпревар одигра 1 : 1 и загуби во вториот со резултат 4 : 0. Во 1992 година првенството е преименувано во УЕФА Лига на шампиони, по што во 2014 и 2016 година, Атлетико Мадрид на двапати во финалето загуби од Реал Мадрид. Во 2014 година натпреварот во продолжетоци заврши 4 : 1, додека во 2016 година, во натпреварот кој во регуларното време заврши 1 : 1, по изведувањето на пеналите, победи Реал Мадрид со резултат 5 : 3.
Олимпик Марсеј ќе го игра своето 5. европско финале
Олимпик Марсеј по петти пат ќе игра во едно европско финале.
Во 1991 година во финалето Олимпик Марсеј загуби од Црвена Sвезда на стадионот во Бари, Италија по изведувањето на ударите од белата точка со резултат 5:3, откако натпреварот во регуларниот тек заврши 0:0.
Олимпик Марсеј успеа да стане Шампион на Европа во најпрестижното европско натпреварување 1993 година, кога во финалето го совлада Милан на олимпискиот стадион во Минхен со резултат 1:0.
Вечерното финале претставува петта средба меѓу шпанските и француските претставници во едно европско финале.
Во претходните 4, шпанските тимови извојуваа победа.
Во сезоната 2003/2004 во финалето на Купот на УЕФА, Валенсија го совлада Олимпик Марсеј со резултат 2 : 0.
Финале на УЕФА Лига Европа од 824 милиони евра
Вкупната вредност на фудбалерите на Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј што ќе играат во финалето на Лига Европа изнесува 824 милиони и 550 илјади евра.
Според германскиот интернет-сајт „Трансфермаркт“, пазарната вредност на тимот на Атлетико Мадрид изнесува 636 милиони и 650 илјади евра, додека вредноста на Олимпик Марсеј изнесува 187 милиони и 900 илјади евра.
Најскап фудбалер во редовите на Атлетико Мадрид е Французинот Антоан Гризман со цена од 100 милиони евра, додека неговиот сонародник Флоријан Товен со цена од 28 милиони евра е најскап играч во редовите на Олимпик Марсеј.