Doğa Kırmızıoğlu
16 Април 2021•Ажурирај: 18 Април 2021
АНКАРА (АА) - На церемонијата на претставување на влегувањето во Кошаркарскиот дом на славните, Мајкл Џордан ќе го претстави Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на НБА се наведува дека е составен списокот со имињата на кошаркарите за 2020 година кои со свечена церемонија, во сабота на 15 мај ќе бидат претставени во Музејот на славните (Mohegan Sun Arena), во кој се наоѓаат легендите на кошарката.
Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет се меѓу истакнатите имиња што ќе бидат претставени на церемонијата, на која се очекува да учествуваат повеќе од 50 кошаркарски ѕвезди.
На церемонијата, Коби Брајант, легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, кој почина минатата година и во својата кариера имаше освоено пет НБА-шампионски титули, ќе биде претставен од другата кошаркарска легенда на НБА, Мајкл Џордан.
На оваа церемонија Дејвид Робинсон ќе го претстави Тим Данкан, а Ајзеја Томас ќе го претстави Кевин Гарнет.