ИСТАНБУЛ (АА) - ЕМРЕ ДОГАН - Техничкиот директор на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Португалецот Жозе Мурињо, за првпат по 2002 година со екипите кои ги води има три последователни порази, јавува Anadolu Agency (AA).
Португалскиот тренер, три порази едно по друго за последен пат му се случиле во сезоната 2001/2002 година со екипата на Порто, кога во Лигата на шампиони во два наврати загуби од Реал Мадрид, а во португалската лига загуби од Беира-Мар.
Мурињо, кој оваа сезона е на чело на Манчестер Јунајтед, по поразите во Премиер лигата од екипите на Манчестер Сити и Вотфорд, во лигата на УЕФА загуби од холандскиот претставник Фејенорд.
- Втор најлош почеток -
По серијата успеси со екипите кои ги водеше во досегашната кариера, Жозе Мурињо во моментов ја живее втората сезона со најлош почеток со екипата на Манчестер Јунајтед.
Под раководство на Мурињо, Манчестер Јунајтед сезоната ја започна со освојувањето на ФА Комјунити шилд, по што имаше две победи во лигата. Но, потоа следеа три порази, два во Премиер лигата против Манчестер Сити и Вотфорд и еден во лигата на УЕФА против Фејенорд.
Португалскиот тренер, во сезоната 2002/2003 со екипата на Порто во португалското првенсто и Евро лигата од 6 натпревари имаше 5 победи и еден нерешен резултат. Сино-белиот тим на крајот од сезоната ги освои португалското првенство и купот на Европа, во тоа време познат како Куп на УЕФА.
Следната сезона, во истиот период, Мурињо со екипата на Порто имаше 4 победи и два нерешени натпревари. На крајот од сезоната замина во редовите на англискиот премиерлигаш Челзи.
Во првите 6 натпревари со екипата на Челзи, Мурињо имаше 5 победи и еден нерешен натпревар.
53 годишниот технички директор во три и пол годишната кариера во редовите на Челзи освои 6 трофеи, а во втората сезона во истиот период имаше 6 од 6 победи. Во третата сезона 5 победи и 2 порази, додека на почетокот од четвртата сезона имаше 4 победи, еден нерешен и еден пораз, по што го напушти тимот во 6-тата недела од сезоната 2006/2007.
- Ерата во Интер -
Во двете години од раководењето со екипата на Интер, Мурињо во првата сезона ја започна со 4 победи, еден нерешен и еден пораз. Сино-црните на крајот од сезоната ги освоија трофеите во Серија А и италијанскиот куп.
Наредната сезона во истиот период, Мурињо имаше 4 победи, 2 нерешени и 1 пораз со екипата на Интер. На крајот од сезоната Интер ги освои трофеите во Серија А, италијанскиот куп и Лигата на шампиони.
- Периодот во Реал Мадрид -
На почетокот од раководењето на екипата на Реал Мадрид во првата сезона, Мурињо имаше 4 победи и 2 нерешени меча. На крајот од сезоната, во тесната борба рамо до рамо со екипата на Барселона, Реал Мадрид го освои второто место зад Барселона.
На почетокот од сезоната 2011/2012 година, со екипата на Реал Мадрид Мурињо имаше 4 победи, 2 нерешени и 2 порази и на крајот од сезоната триумфирајќи во шпанското првенство стави крај на тригодишната доминација на Пеп Гвардиола со екипата на Барселона во Шпанија.
Бело-виолетовите под раководство на Мурињо последната сезона во првите 8 натпревари имаа 4 победи 1 нерешен и 3 порази, со што имаше лош старт на сезоната.
Португалскиот технички директор три години го водеше тимот на Реал Мадрид и тоа беше најлошиот период во неговата кариера, при што триумфираше само по еднаш во шпанското првенство, кралскиот куп и шпанскиот суперкуп.
- Враќањето во Челзи заврши лошо -
Мурињо по вторпат се врати на челото на Челзи во сезоната 2013/2014, при што во првите 6 натпревари имаше 3 победи, 1 нерешен и 2 порази. Екипата од Лондон сезоната ја заврши на 3. место, без да освои ниту еден куп.
Во сезоната 2014/2015, кога Мурињо триумфираше со тимот на Челзи во Премиер лигата, на почетокот од сезоната имаше 4 победи и две нерешени натпревари, го освои и купот на Англија.
Португалскиот технички директор во втората сезона со екипата на Челзи беше полн со фрустрации. 2015/2016 година беше година со најлош почеток за Мурињо. Во првите 6 натпревари од сезоната Мурињо имаше 1 победа, 1 нерешен резултат и 4 порази.
Екипата од Лондон во последните 22 години имаше најлоша сезона, освојувајќи само 15 поени од 16 натпревари. По ова Мурињо го напушти тимот.
- Не го доби потребното од Погба -
Мурињо во редовите на Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра од екипата на Јувентус го доведе французинот Пол Погба, но од него досега не го доби очекуваното.
Поради казна од минатата сезона, Погба не го одигра првиот натпревар во Премиер лигата. Во следните 5 натпревари во Премиер лигата и УЕФА ги играше сите 90 минути, но во ниту еден натпревар не успеа да постигне гол или да асистира.
Ниту Хенрих Мхитарјан кој во Манчестер Јунајтед дојде од редовите на Борусија Дортмуд, не го даде својот придонес со одиграни 105 минути во 5-те натпревари.
Од друга страна, во изминатите 5 кола од Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место со освоени 9 поени, а во групата на „екипи кои најмногу трчаат", во која води Ливерпул, се наоѓа на последното место.