Berad Büyük
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ИСТАНБУЛ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Роџерс купот, совладувајќи го во финалето рускиот тенисер Данил Медведев со 2 : 0 во сетови, станувајќи вторпат едноподруго шампион на овој турнир, петти пат севкупно, јавува Anadolu Agency (AA).
На тенискиот турнир во машка поединечна конкуренција, кој се играше во канадскиот град Монтреал, во финалето се сретнаа последниот шампион Рафаел Надал и Данил Медведев.
За период од 1 час и 10 минути Надал со 2 : 0 во сетови (6 : 3 и 6 : 0) успеа да го совлада Медведев, кому ова му беше прво финале.
Ова е петта победа за Надал (33) на Роџерс купот, а 18 грен слем титула во неговата кариера.