Doga Kirmizioglu
06 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
АНКАРА (АА) - Тимот на Бостон Селтикс како гостин му го нанесе највисокиот пораз од 95 : 128 сезонава на тимот на Голден Стејт Вориорс, минатогодишниот шампион во американската Национална кошаркарска лига НБА и лидер во Западната конференција, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Тимот на Бостон Селтикс, благодарение на добрата одбрана, на гостински терен го совлада лидерот на Западната конференција, тимот на Голден Стејт Вориорс, со резултат 95:128 и ја постигна својата 39. победа сезонава.
Најдобра игра во редовите на Селтикс покажаа Гордон Хејвард со 30 поени, 7 скока и 4 асистенции, Кари Ирвинг со дабл-дабл од 19 поени и 11 асистенции, Џејлен Браун со 18 поени и Џејсон Тејтум со 17 поени.
Во редовите на Вориорс, кои го претрпеа 20-тиот и најтешкиот пораз сезонава, најпрецизни беа Стефен Кари со 23 поени и Кевин Дурант со 18 поени, кој имаше процент на шут од 31,25 (5 погодоци од 16 удари). Поради повреда не настапи Клеј Томсон.
- Победа на Рокетс на гостинскиот терен на Репторс -
Тимот на Хјустон Рокетс, кој води борба за лидерската позиција во Западната конференција и во моментов се наоѓа на 3-та позиција со учинок од 60,9 отсто (39 победи и 25 порази), како гостин со резултат 95:107 ја совлада Торонто Репторс, второпласираната екипа во Источната конференција, која во досегашниот тек на сезоната има учинок од 70,8 отсто (46 победи и 19 порази).
Во редовите на Рокетс, кој ја постигна својата 39-та победа сезонава, најпрецизен беше ол-стар играчот Џејмс Харден со 35 поени. Џералд Грин постигна 18, а Ерик Гордон и Остин Риверс по 13 поени.
Во редовите на Репторс, кој го доживеаја својот 19. пораз сезонава, најпрецизен беше Кавај Леонард со 26 поени и 6 скока, а дабл-дабл постигнаа Паскал Сајакем со 17 поени и 10 скока и Серж Ибака со 10 поени и 15 скока.
За вечер се закажани 10 средби во американската Национална кошаркарска лига.
- Резултати
Голден Стејт Вориорс - Бостон Селтикс 95 : 128
Торонто Репторс - Хјустон Рокетс 95 : 107
Индијана Пејсерс - Чикаго Булс 105 : 96
Филаделфија Севентисиксерс - Орландо Меџик 114 : 106
Мемфис Гризлис - Портланд Треил Блејзерс 120 : 111
Минесота Тимберволвс - Оклахома Сити Тандер 131 : 120