Abdullah Tevge
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Кливленд Кавалирс во која настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, со 9 поени разлика го совлада Чикаго Булс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 11 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Кливленд Кавалирс кој се наоѓа на последното место во Источната конференција извојува победа од 94:103 на гостувањето кај Чикаго Булс. Охриѓанецот Џеди Осман на овој натпревар на паркетот измина 21 минута, постигнувајќи 8 поени, 2 асистенции, 2 скока.
Најпрецизни кај Кавалирс беа Дариус Гарланд со 22 поени, 9 скока, 4 асистенции, Џарет Ален со 19 поени, 9 скока и Лери Ненси со дабл-дабл од 14 поени, 14 скока, 5 асистенции.
Во редовите на Чикаго Булс, Зек Лавин постигна 22 поени, 4 асистенции, 3 скока, додека Лаури Маркканен натпреварот го заврши со 17 поени, 5 скока, 2 асистенции.
- Нова победа на Јута Џез, тимот со најдобар перформанс во НБА
Екипата на Јута Џез со 30 поени разлика, 118:88, го совлада Бруклин Нетс, постигнувајќи ја својата 17. победа на домашен терен сезонава. Џезерите се најуспешен тим во досегашниот тек од сезоната во НБА со успех од 74,4 % (32 победи и 11 порази).
Најпрецизни во редовите на Јута беа Донован Мичел со 27 поени, 7 асистенции, 6 скока, а по 18 поени постигнаа Бојан Богдановиќ и Мајк Коноли Џуниор.
На овој натпревар на кој покрај Кевин Дурант не настапи ниту Џејмс Харден, најпрецизни кај Нетс со дабл-дабл учинок беа Ализ Џонсон со 23 поени, 15 скока, 3 асистенции и Крис Чиоза со 10 поени, 11 асистенции.
- Резултати
Чикаго Булс - Кливленд Кавалирс 94:103
Јута Џез - Бруклин Нетс 118:88
Милвоки Бакс - Бостон Селтикс 121:119
Индијана Пејсерс - Детроит Пистонс 116:111
Торонто Репторс - Денвер Нагетс 135:111
Орландо Меџик - Феникс Санс 112:111
Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис 107:116
Минесота Тимберволвс - Далас Маверикс 108:128
Хјустон Рокетс - Шарлот Хорнетс 97:122
Сан Антпонио Спарс - Лос Анџелес Клиперс 101:134
Сакраменто Кингс - Атланта Хоукс 110:108