Doğa Kırmızıoğlu
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
АНКАРА
Актуелниот шампион на НБА, екипата на Лос Анџелес Лејкерс, како домаќин со 116:105 го совлада Шарлот Хорнетс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Лејкерс, совладувајќи го Хорнетс со 11 поени разлика, дојде до својата 28. победа сезонава, за која најзаслужен беше Леброн Џејмс со својот извонреден перформанс.
Лејкерси дојдоа до својата четврта последователна победа, а најпрецизни кај домаќините беа Леброн Џејмс со 37 поени, 8 скока, 6 асистенции, Денис Шредер со 22 поени, 7 асистенции, а Тајлен Хортон-Такер и Кајл Кузма постигнаа по 12 поени.
Шарлот Хорнет сезонава во НБА има просек од 20 порази и победи. Најпрецизни кај Хорнетс беа ЛаМело Бол со 26 поени, 7 асистенции, 5 скока, Тери Розиер со 20 поени, 5 скока, П. Џ. Вашингтон со 18 поени, 8 скока, 4 блокади.
- Резултати
Вашингтон Визардс - Јута Џез 131:122
Атланта Хоукс - Оклахома Сити Тандер 116:93
Њујорк Никс - Орландо Меџик 94:93
Феникс Санс - Минесота Тимберволвс 119:123
Портланд Треил Блејзерс - Њу Орлеанс Пеликанс 101:93
Лос Анџелес Лејкерс - Шарлот Хорнетс 116:105