Doğa Kırmızıoğlu
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
АНКАРА - Тимот на Филаделфија Севентисиксерс, со победата на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс од 98:108 го продолжи своето лидерство во Источната конференција на американската Национална кошаркарска лига, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Во „Чејс сентр“ (Chase Center) Голден Стејт Вориорс ја пречека екипата на Филаделфија Севентисиксерс. Гостите извојуваа победа од 98:108 и ја продолжија серијата од три последователни победи.
На натпреварот на кој Севентисиксерс дојде до својата 31. победа сезонава најпрецизни беа Тобајас Херис со дабл-дабл од 25 поени, 13 скока, 4 асистенции, Бен Симонс со 22 поени, 8 скока, 4 асистенции, Тони Бредли со дабл-дабл од 18 поени, 11 скока, при што од 8 шута кон кошот, осум пати беше прецизен. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз натпреварот го започна во првата петорка и на паркетот помина 26 минути, постигнувајќи 12 поени, 1 асистенција, 1 скок.
Кај домаќините најдобар перформанс прикажаа Кели Обри со дабл-дабл од 24 поени, 10 скока, Џордан Пул со 19 поени, 4 скока, Демион Ли со 16 поени и Ендру Вигинс со 14 поени, 2 скока, 1 асистенција.
- Џејмс Харден го изедначи својот рекорд во асистенции -
Екипата на Бруклин Нетс дојде до својата 30. победа сезонава совладувајќи го Треил Блејзерс со 112:116 на гостувањето во Портланд.
Џејмс Харден, олстар-ѕвездата на Нетс, на овој натпревар постигна дабл-дабл. Покрај 25-те поени и 7-те скока, Харден на оваа средба постигна 17 асистенции, со што го изедначи својот личен рекорд. Џеф Грин постигна 20 поени, 4 скока, Џо Харис со 17 поени и Николас Клакстон со 16 поени, 9 скока.
Кај домаќините кои сезонава имаат 25 победи и 18 порази, најпрецизни беа Дејмијан Лилард со 22 поени, 9 асистенции, Си Џеј Маколум со 16 поени, 5 скока, 4 асистенции, Роберт Ковингтон со 13 поени, 9 скока.
- Резултати:
Орландо Меџик - Денвер Нагетс 99:110
Њујорк Никс - Вашингтон Визардс 131:113
Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Лејкерс 128:111
Мајами Хит - Феникс Санс 100:110
Голден Стејт Вориорс - Филаделфија Севентисиксерс 98:108
Портланд Треил Блејзерс - Бруклин Нетс 112:116