Hüseyin Burak Demirer
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во последните одиграни натпревари на НБА, Денвер Нагетс со 109:95 го совлада Милвоки Бакс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 3 натпревари во американската Национална кошаркарска лига НБА. Екипата на Денвер Нагетс, која се наоѓа на 3. место во Западната конференција, го совлада лидерот во Источната конференција, тимот на Милвоки Бакс, со 109:95.
Милвоки Бакс за кој не настапија Јанис Антетокунпо, Крис Мидлтон, Ерик Бледсо и Брук Лопез, го загуби натпреварот доживувајќи го својот 3. последователен пораз, 12. сезонава.
Најдобар перформанс кај Нагетс, кој беше домаќин на овој натпревар, прикажа Џамал Мареј со 21 поен, 6 асистенции и 5 скока, Пол Милсап постигна дабл-дабл од 20 поени и 10 скока, а Џереми Грант постигна 19 поени, 6 скока и 3 асистенции. Никола Јокиќ постигна 10 поени, 9 скока и 7 асистенции.
Кај гостите најпрецизен беше Кајл Корвер со 23 поени, 4 скока и 4 асистенции, додека Стерлинг Браун постигна 16 поени, 6 скока и 3 асистенции.
- Резултати:
Атланта Хоукс - Шарлот Хорнетс 143 : 138 (во второ продолжение)
Јута Џез - Торонто Репторс 92 : 101
Денвер Нагетс - Милвоки Бакс 109 : 95.