Mutlu Demirtaştan
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Руки играч во екипата на Лос Анџелес Лејкерс, Лонзо Бол, успеа да постигне „трипл-дабл” на натпреварот против Милвоки Бакс, со што стана најмладиот играч во американската кошаркатска лига НБА на кој тоа му пошло од рака, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 11 натпревари од НБА. Во спортската сала „Харис Бредли“, Милвоки Бакс како домаќин ја пречека екипата на Лос Анџелес Лејкерс. Во натпреварот кој домаќинот го доби со резултат 98-90, се истакна младиот Лонзо Бол, постигнувајќи 19 поени, 12 скока и 13 асистенции, со што стана најмладиот кошаркар во НБА кој постигнал трипл-дабл со што го урна рекордот на Лебројн Џејмс.
Во редовите на Бакс се истакна Џианис Антеткоунмпо со 33 поени и 15 скока, постигнувајќи дабл-дабл. Во домашната екипа се истакнаа и Малколм Брогдон со 16 и Крис Мидлтон со 13 поени.
Ова е 8. пораз на Лејкерси, трет по ред. Во екипата на Лејкерси, покрај Бол, ефикасни беа Каjл Кузма со 21 и Џулиус Рендл со 17 поени.
- 6. по ред победа на Вориорс -
Последниот шампион во НБА, Голден Стејт Вориорс, во Оракл Арената ја пречека Филаделфија 76'. На домашен терен Вириорси ја извојуваја својата 10 победа, 6. во серија.
Најефикасни од редовите на Вориорс беа Кевин Дурант со 29, Клеј Томсон со 23 и Стефан Кари со 22 поени.
Ова беше 6. пораз на 76', а најефикасни во редовите на пораената екипа беа ЏЏ Редик со 17, Тимоте Ливави со 15 и Дарио Шариќ со 14 поени.
- Кавалерс како гостин поуспешен од Маверикс -
Кливленд Кавалерс кој не го покажа посакуваниот успех на почетокот на сезоната, како гостин во Американ Ерлајнс Центар го совлада Далас Маверикс со резултат 111-104 и дојде до својата 6. победа сезонава.
Најефикасни во редовите на Кавалерс беа Кевин Лов со 29, Леброн Џејмс со 19 и ЏР Смит со 17 поени.
Во редовите на Мавериск се истакнаа Харисон Барнс со 23, Денис Смит Џуниор со 21 и Дирк Новицки со 14 поени. Ова е 11. пораз на екипата од Далас.
- Резултати -
Вашингтон Визардс - Атланта Хоукс 113 : 94
Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Клиперс 111 : 103
Њујорк Никс - Сакраменто Кингс 118 : 91
Хјустон Рокетс - Мемфис Гризлис 111 : 96
Далас Маверикс - Кливленд Кавалерс 104 : 111
Милвоки Бакс - Лос Анџелес Лејкерс 98 : 90
Сан Антонио Спарс - Чикаго Булс 133 : 94
Голден Стејт Вориорс - Филаделфија 76' 135 : 114
Денвер Нагетс - Орландо Меџик 125 : 107
Феникс Санс - Минесота Тимберволфс 118 : 110
Јута Џес - Бруклин Нетс 114 : 106