Hüseyin Burak Demirer
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
АНКАРА (AA) - Турскиот интернационалец, oхриѓанецот Џеди Осман, кој во НБА настапува за екипата на Кливленд Кавалирс, на средбата на која Вашингтон Визардс извојува победа од 119:110, постигна 19 поени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Екипата на Вашингтон Визардс, која вложува напори да се пласира меѓу првите осум места на табелата што обезбедува пласман во плејофот на Источната конференција, совладувајќи ги Кавалирс дојдe до својата 8. последователна победа.
Најпрецизен кај Визард беше Бредли Бил со постигнати 33 поени, 6 скока и 3 асистенции. Расел Вестбрук постигна дабл-дабл од 14 поени, 11 асистенции и 5 скока.
Во редовите на Кавалирс најпрецизен кошаркар беше Дариус Гарленд, кој постигна 28 поени и 9 скока. Џерет Ален постигна дабл-дабл од 27 поени, 12 скока и 3 блокади, додека охриѓанецот Џеди Осман го заврши натпреварот со 19 поени, 5 асистенции и 2 скока, но тоа беше недоволно за да се совладаат домаќините.
- Стефен Кари постави рекорд во тројки -
Тимот на Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 117:113 го совлада тимот на Сакраменто Кингс.
Стефен Кари, плејмејкерот на Вориорс, со постигнати 37 поени, 7 скока и 4 асистенции беше градителот на победата. Кели Убре постигна 19 поени и 7 скока, додека Дрејмон Грин постигна дабл-дабл од 8 поени, 14 скока и 13 асистенции.
По овој натпревар Кари со постигнати 85 тројки во месец април се запиша во историјата на НБА како играч што постигнал најголем број тројки во еден месец. Претходно, овој рекорд беше во сопственост на Џејмс Харден, кој во ноември 2019 година успеа да постигне 82 тројки.
Во редовите на Кингс најпрецизни беа Бади Хилд со 25 поени, 6 скока и 3 асистенции, Тајрис Халибертон со 24 поени, 8 асистенции и 3 скока и Харисон Барнс со 23 поени, 7 скока и 2 асистенции.
Резултати:
Шарлот Хорнетс - Бостон Селтикс 125:104
Бруклин Нетс - Феникс Санс 128:119
Портланд Треил Блејзерс - Мемфис Гризлис 113:120
Вашингтон Визардс - Кливленд Кавалирс 119:110
Атланта Хоукс - Милвоки Бакс 111:104
Орландо Меџик - Индијана Пејсерс 112:131
Голден Стејт Вориорс - Сакраменто Кингс 117:113.