Hüseyin Burak Demirer
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
АНКАРА - Синоќа продолжија натпреварите во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Хјустон Рокетс успеа како гостин во продолжението од натпреварот да го совлада Бостон Селтикс со 110:111, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во НБА синоќа се одиграа 8 натпревари. Бостон Селтикс на домашен терен ја пречека екипата на Хјустон Рокетс. Бостон Селтикс во првите две четвртини прикажа одлична игра и на полувреме замина со предност од 11 поени разлика, 56:45.
Рокетси како да се разбудија од сонот преземајќи ја играта во свои раце, третата четвртина ја добија со предност од 14 поени, поведувајќи со 3 поени на крајот од четвртината. Во последната четвртина се играше жестока кошарка. На 5 секунди пред крајот на натпреварот, при водство на Хјустон од 101:104, Џејсон Татум изведуваше слободни фрлања. Шутирајќи го слободното фрлање, го скрати шутот, по што топката се одби од обрачот и по борбата за топка, некако таа дојде до Џејлен Браун кој успеа да постигне тројка во последната секунда изедначувајќи го резултатот, по што се замина на продолженија. Тесна борба имаше и во продолжението, но Рокетси беа поприсебни и успеаја со 110:111 да ги совладаат домаќините и да ја постигнат својата 6. последователна победа.
Расел Вестбрук беше најпрецизниот во екипата на Рокетс, постигнувајќи 41 поен, 8 скока и 5 асистенции, успевајќи 30 пати едноподруго да постигне над 20 поени на натпревар.
Во победата на Хјустон свој удел дадоа и Џејмс Харден со постигнати 21 поен, 8 асистенции, 3 украдени топки и Роберд Ковингтон постигнувајќи дабл-дабл од 16 поени, 16 скока и 3 блокади.
Во редовите на Селтикс најдобра игра прикажаа Џејсон Татум со дабл-дабл од 32 поени, 13 скока, 5 асистенции, Маркус Смарт со 26 поени, 7 асистенции, 5 скока, 4 украдени топки и Џејлен Браун со 22 поени, 5 скока, 3 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Хјустон.
Екипата на Кливленд Кавалирс во која игра охриѓанецот Џеди Осман, на домашен терен загуби од Индијана Пејсерс со 104:113.
Најдобра игра кај гостите прикажаа Т. Џ. Ворен со 30 поени, 6 асистенции, 3 скока, Малколм Брогдон со 22 поени, 8 асистенции и Домантас Сабонис со дабл-дабл учинок од 18 поени, 13 скока и 9 асистенции.
Кај Кавалирс дабл-дабл учинок постигнаа Андре Драмонд со 27 поени, 13 скока, 4 украдени топки и Кевин Лав со 20 поени, 12 скока, 7 асистенции, додека Џеди Осман имаше учинок од 8 поени и 2 асистенции.
- Резултати
Њујорк Никс - Чикаго Булс 125:115
Атланта Хоукс - Портланд Треил Блејзерс 129:117
Мајами Хит - Бруклин Нетс 116:113
Мемфис Гризлис - Лос Анџелес Лејкерс 105:88
Кливленд Кавалирс - Индијана Пејсерс 104:113
Бостон Селтикс - Хјустон Рокетс 110-111 (во продолжение)
Сан Антонио Спарс - Орландо Меџик 114:113
Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 99:115