Mutlu Demirtaştan
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Милвоки Бакс во рамките на натпреварите на НБА, со резултат 105:123 го совлада домаќинот Кливленд Кавалирс во кој настапува охриѓанецот Џеди Осман, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа во американската Национална кошаркарска лига (НБА) се одиграа 9 натпревари. Јанис Антетокумпо, ѕвездата на Бакс, на оваа средба постигна дабл-дабл од 33 поени, 12 скока и 4 асистенции, и на својот клуб му ја донесе 3. последователна победа, совладувајќи го Кавалирс со 105:123.
Свој придонес во победата на екипата на Бакс, што оваа сезона има учинок од 14 победи на 22 натпревари, беа Џру Холидеј со 17 поени, 7 асистенции и 3 скока и Крис Мидлтон со 15 поени, 5 асистенции и 4 скока.
Во редовите на Кавалирс најпрецизни беа Колин Секстон со 19 поени, 4 асистенции и 2 скока и Андре Драмонд со 18 поени, 9 скока и 4 асистенции. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, постигна 12 поени, 3 скока и една асистенција.
- Јута Џез продолжува да победува -
Екипата на Јута Џез, која е лидер на Западната конференција, како гостин ја совлада екипата на Шарлот Хорнетс со резултат 138:121 и дојде до својата 3. последователна победа.
Во редовите на Јута, која на 23 натпревари постигна 18 победи, најпрецизни беа Бојан Богдановиќ со 31 поен, 7 скока и 5 асистенции и Донован Мичел со 30 поени, 5 асистенции и 3 скока.
Во редовите на Хорнетс најпрецизен беше ЛаМело Бол, кој го урна својот клупски рекорд со постигнати 34 поени, 8 асистенции и 4 скока, и Гордон Хејвард, кој постигна дабл-дабл од 25 поени, 10 скока и 5 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне 13. пораз сезонава.
- Резултати:
Индијана Пејсерс - Њу Орлеанс Пеликанс 113:114
Орландо Меџик - Чикаго Булс 123:119
Кливленд Кавалирс - Милвоки Бакс 105:123
Бруклин Нетс - Торонто Репторс 117:123
Оклахома Сити Тандер - Минесота Тимберволвс 103:106
Мајами Хит - Вашингтон Визардс 122:95
Шарлот Хорнетс - Јута Џез 121:138
Феникс Санс - Детроит Пистонс 109:92
Лос Анџелес Клиперс - Бостон Селтикс 115:119.