Yunus Kaymaz
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), екипата на Јута Џез на домашен терен ги совлада Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 118:102, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа два натпревари во НБА. Екипата на Јута Џез, која се бори за врвот од табелата во Западната конференција, победувајќи го противникот со 16 поени разлика дојде до својата 6-та последователна победа, вкупно 10-та оваа сезона.
Најдобар перформанс во редовите на Јута Џез постигнаа Донован Мичел со 28 поени, 7 скока и 4 асистенции, Џордан Кларксон со 18 поени, 6 скока и 6 асистенции и Руди Гоберд со дабл-дабл учинок од 13 поени, 18 скока и 1 асистенција.
Во редовите на Пеликанс најпрецизни беа Зион Вилијамсон со 32 поени, 5 скока и 3 асистенции и Брендон Инграм со 17 поени, 3 скока и 4 асистенции.
- Нагетс без напор дојдоа до победата -
Денвер Нагетс на домашен терен со резултат 119:101 го совладаа Оклахома Сити Тандер и ја постигнаа својата 7. победа сезонава.
Во редовите на Нагетс дабл-дабл учинок постигнаа Никола Јокиќ со 27 поени, 12 скока и 6 асистенции и Пол Мислап со 13 поени, 12 скока и 3 асистенции.
Во редовите на Тандер најпрецизни беа Лугенц Дорт со 20 поени, 5 скока и 3 асистенции, Шаи Александер со 14 поени, 5 скока и 7 асистенции и Дариус Безли со 12 поени и 2 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Нагетс.