Hüseyin Burak Demirer
12 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
АНКАРА (АА) - Охриѓанецот Џеди Осман, кој настапува за Кливленд Кавалирс, на натпреварот на американската Национална кошаркарска лига НБА, против Торонто Репторс, даде голем придонес во победата на својата екипа, постигнувајќи 19 поени, 7 скока и 7 асистенции, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 6 натпревари од НБА. Во Источната конференција се состанаа претпоследнопласираниот Кливленд Кавалирс и второпласираниот Торонто Репторс. Кавалирси извојуваа победа од 126:101.
Најпрецизни во редовите на Кавалирс беа Колин Секстон со постигнати 28 поени, 5 асистенции, охриѓанецот Џеди Осман со 19 поени, 7 скока, 7 асистенции и Кевин Лав со дабл-дабл од 16 поени и 18 скока.
Во редовите на Репторс најпрецизни беа Кавај Леонард со 25 поени, 9 скока и Кајл Лаури со 14 поени, 6 асистенции и 5 скока.
- Резултати
Кливленд Кавалирс - Торонто Репторс 126:101
Вашингтон Визардс - Сакраменто Кингс 121:115
Бруклин Нетс - Детроит Пистонс 103:75
Хјустон Рокетс - Шарлот Хорнетс 118:106
Јута Џез - Оклахома Сити Тандер 89:98
Лос Анџелес Клиперс - Бостон Селтикс 140:115
Вечер на програмата се 7 натпревари. Се среќаваат:
Индијана Пејсерс - Њујорк Никс
Филаделфија Филаделфија - Кливленд Кавалирс
Чикаго Булс - Лос Анџелес Лејкерс
Њу Орлеанс Пеликанс - Милвоки Бакс
Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс
Денвер Нагетс - Минесота Тимберволвс
Лос Анџелес Клиперс - Портланд Треил Блејзерс