Hüseyin Burak Demirer
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Аргентинскиот фудбалски експерт Маурисио Почетино повеќе не е шеф на стручниот штаб на Париз Сен Жермен (ПСЖ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на ПСЖ му се заблагодари на соработката на Почетино, кој од јануари минатата година беше на клупата на тој клуб и го предводеше тимот на 84 натпревари.
Почетино со ПСЖ ги освои француската Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот.
Педесетгодишниот аргентински тренер претходно од клупата ги водеше екипите на Еспањол, Саутхемптон и Тотенхем.